Uncategorised

18,2 милиони евра наплатени од патарини за шест месеци

18,2 милиони евра наплатени од патарини за шест месеци - Работник
147views

Се зголемува наплатата на патарините во земјата, секоја година се слеваат се повеќе пари во касата на Јавното претпријатие за државни патишта. Од наплата на патарини во првите шест месеци од годинава инкасирани се 18,2 милиони евра, покажуваат пресметките на Телма.

Оваа сума е за 600 илјади евра повеќе од она што е наплатано лани во истиот период, кога биле инкасирани 17,6 милиони евра. Финансиските извештаи покажуваат дека до крајот на годината Јавното претпријатие за државни патишта планира да прибере 44,7 милиони евра од наплата на патарини. Досега, во првиот квартал се собрани 8 милиони евра, додека во вториот 10,2 милиони евра.

Извор: Телма