- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникотСиндикат

20 до 25 % од вработени во туристичко – угостителскиот сектор се во сивата економија

20 до 25 % од вработени - Работник
282views

Туристичко – угостителскиот сектор е еден од оние сектори каде што е застапена сивата или неформалната економија. 

Порталот Работник побара информации од Министерството за економија во врска со сивата економија во туристичко – угостителскиот сектор. Поконкретно, прашавме дали имаат податоци за тоа колку процентуално изнесува сивата економија во овој сектор.

Од Министерството истакнаа дека не располагаат со точни податоци за сивата економија во Република С. Македонија, но, велат, факт е дека истата ја има и во туристичко – угостителскиот сектор.

„Како надлежно министерство во оваа насока сите Законски решенија се направени и усогласени со европските директиви се со цел намалување на сивата економија и подобрување на условите за работа како во туристичкиот така и во угостителскиот сектор“, велат од Министерството за економија.

Посочија дека Министерството во контиунитет спроведува Лиценцирање турстички агенции и Категоризирање на угостителските објекти, додека во координација со Државниот пазарен инспекторат и другите инспекциски служби редовно се вршат надзори на работата на истите. 

Потенцираа дека Министерството за економија во последните пакет економски мерки, апсолутно ги подржуваше само турстичко -угостителските објекти кои се регистрирани/лиценцирани и во целост ги имаат измирено обврските кон државата.

Од друга страна од Синдикатот за угостителство и туризам, за порталот Работник, велат дека според нивните сознанија од 7,000 до 8,000, односно од 20 до 25 % од вработените во секторот работат во сивата економија.

Синдикатот проблемот го гледа во селективниот инспекциски надзор, немањето доволен број на инспектори, несовесни работодавачи и вработени на кои им се блокирани сметките и единствена можност им се парите на рака. 

„Постојат многу начини ‘сивото’ да стане ‘бело’ и спремни сме да понудиме неколку решенија“, порачаа од СУТ.

Утре очекуваме и став од Независната угостителска комора во однос на сивата економија во овој сектор.

Бобан Илијевски