ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

2,000 работници во штрајк: Грците во борба против новите реформи

2,000 работници во штрајк - Работник
181views

Повеќе од 2,000 општински работници кои штрајкуваат во Грција, денеска се упатиле кон грчкиот Парламент.

Работниците штрајкуваат поради планираното преиспитување на професиите и правилата за лиценцирање од страна на новата конзервативна Влада.

Демонстрантите кратко се пресметале со кордон на полицијата пред зграда на Парламентот, но  никој не бил уапсен, пренесува АП.

Владата на Премиерот Киријакос Мицотакис наведе дека реформите ќе ги поедностават прописите и ќе ги зголемат инвестициите во Грција. Синдикатите, пак сметаат дека правата на работниците ќе бидат прекршени, вклучувајќи го и правото за колективно преговарање за платите со работодавачите.

Штрајкот го разнесе собирањето на ѓубрето и другите служби во Атина и пошироко, а за денеска се планирани уште два марша пред гласањето на нацрт законот во Парламентот, за кој се претпоставува дека ќе биде усвоен.