ЕкономијаСветСветот на работникот

2,000 сезонци од Романија заминале за Германија сред пандемијата

2,000 сезонци од Романија - Работник
209views

Помеѓу 1,500 и 2,000 романски работници се собрале во четвртокот на аеродромот Клуж – Напока, за да отпатуваат во Германија каде ќе поминат неколку месеци работејќи земјоделски и други привремени работи.

И покрај ризикот од зараза со новиот корона вирус, романските работници одлучиле да одат нешто пред великденските празници за да можат да заработат, имајќи во предвид дека поголемиот дел од економската активност во Романија е запрена поради корона вирусот, пренеле романските медиуми.

Потсетување, Германија е трета земја во Европа по бројот на заразени од корона вирусот.

Многумина од работниците кои во четвртокот го напуштиле аеродромот Клуж – Напока не знаеле каде треба да летаат, а ограничувањата на социјалното дистанцирање кои ги наметнале романските власти не се почитувале.

Три авиони со вкупно 530 романски работници слетале на берлинскиот аеродром Шонефелд. Останатите авиони кои исто полетале од Романија, слетале во Дизелдорф и Хамбург. Работниците прошле низ медицински прегледи на аеродромите пред да одат во изолација, во која ќе работа на фарми, пренесува дпа.

Од Клуж за Германија патувања на работници имало и во саботата и неделата.

На германските фармери им олеснало што можат да доведат работници да помогнат во бербата на сезонските жетви.

„Како резултат на овој аранжаман, нашите земјоделци можат да продолжат со работа“, рекол Јоаким Руквид, Претседател на Германското здружение на земјоделците.

И покрај прекинот на сите летови од и до земјата поради големиот број на заразени со корона вирусот, Романија им дозволила на сезонските работници да ја напуштат земјата.

Германската Влада минатата недела постигнала договор за преземање на 80,000 странски сезонски работници под строги услови, а се очекува и доаѓање на работници и во текот на април и мај, наведува дпа.