ЕкономијаМакедонија

2019 година Бимилк ја завршува како лидер во домашната млекопроизводствена индустрија

2019 година Бимилк - Работник
156views

Млекара АД Битола, како една од водечките компании на домашниот пазар, во 2019 година бележи позитивни резултати во продажбата на неколку категории свои производи и постигнување многубројни успеси во повеќе области, а со тоа ја задржува својата лидерска позиција во млечната индустрија во државата.

Начелото на квалитет е едно од начелата според кои се води компанијата, a оној што ги исполнува барањата и желбите на потрошувачите секогаш е препознаен и прифатен. Бимилк е компанија која, ширејќи го своето портфолио, докажува дека ги слуша барањата на своите потрошувачи. Сето тоа во огромна мера позитивно се одрази на продажбата во сите сегменти каде што имаше иновации, па така, компанијата во 2019 година успеа да ја зголеми продажбата на јогурт за 9,1 %, продажбата на кисело млеко порасна за 17,8 %, додека, пак, кај продажбата на млеко се бележи раст од 7 % во споредба со минатата година, објави АлсатМ.

Целосниот текст прочитајте го тука