МакедонијаСиндикат

24вести: Кој ќе одговара за пропаднатиот проект за детска кардиохирургија со јавно – приватно партнерство

Кој ќе одговара за пропаднатиот проект - Работник
199views

Кој ќе одговора за пропаднатото јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија? Јавното здравство изгуби цел тим на доктори и сестри, во кои државата инвестирала, а кои сега ќе завршат во приватното здравство. Ова се дел од коментарите на лекарската фела откако тимот на Чадиковски си поднесе оставки од приватната болница на Жан Митрев.

„Дали сега треба да правиме нова физибилити студија која ќе треба да покаже кои биле недостатоците на претходната и се така во недоглед? Еден добар обучен тим кој сочинува може 10 до 15 луѓе, кои прво, се долго време обучувани, второ долго време работеле, крајното нешто е јавното здравство го изгуби тој кадар, во кој државата вложувала со години во нивното знаење, за на крај да стигнеме до тоа дека јавното здарвство ги изгуби тие стручни лица, тие ќе останат недостапни за јавното здарвство.“ – вели д-р Горан Беговиќ – Претседател на Самостоен Синдикат на Клинички Центар.

Од асоцијацијата на специјализанти и млади лекари пак критуткуваат – државата мора да има јасно осмислени концепти кои што ќе го надополнат недостатокот во јавното здравство при вакви обиди за јавно приватно партнерство, а во последниот случај, велат се покажа дека тоа не е така, пренесоа 24 вести.

Целосниот текст можете да го прочитате тука