ЕкономијаСветСветот на работникот

2,4 милијарди долари за работниците – Кралот на Саудиска Арабија ги помага платите во приватниот сектор

2,4 милијарди долари за работниците - Работник
48views

Кралот на Саудиска Арабија наредил од државната каса да се исплатат дел од платите на работниците во приватниот сектор во износ од девет милијарди ријали (2,4 милијарди долари), за да компаниите се откжат од отпуштањето на работници, известила денеска државната саудиска новинска агенција (СПА).

Најновата мерка во борбата против ударот на кризата на корона вирусот за економијата проследила по итниот пакет на мерки кои биле објавени минатиот месец со цел да се поддржи економијата, пренесува Ројтерс.

„Наместо да прекине работниот однос на некој саудиски граѓанин, работодавачот има право да бара од социјалното осигурување да во рок од три месеци му исплати 60 отсто додаток во име на вработениот, максимално до 9,000 ријали, по вработен, а во вкупна вредност од 2,4 милијарди долари“, известила СПА повикувајќи се на кралскиот указ.

Пакетот на мерки кој минатиот месец го најавил министерот за финансии Мохамед ал – Џадан, изнесува 70 милијарди ријали, ќе биде издвоен за помош на претпријатијата, а мерките вклучуваат и отстапување на некои од државните даноци, пренесува британската агенција.