ПравдаСветСветот на работникот

260 здравствени работници се заразени од коронавирусот во Србија

260 здравствени работници - Работник
107views
Во Србија моментално 260 здравствени работници се заразени од коронавирусот, вели Министерот за здравство, Златибор Лончар.
 
Тој додал и дека 13 од нив се на болничко лекување, додека останатите имаат поблага клиничка слика. 

Министерот за здравство навел дека во установите за социјална заштита моментално има 247 заразени лица, а 72 од нив се вработени. 

„Коронавирусот не попушти, тој е помеѓу нас, но мерките кои ги спроведуваме даваат резултати и поради тоа не смееме да се опуштиме. Не чека сериозна есен, кога коронавирусот може да се вкрсти со сезонскиот грип“, рекол Лончар.