И „највеселата“ модна марка ја тестира четиридневната работна недела: Компаниите не губат ништо, Владата и „покрива“

Четири дена работа за иста плата

Додека некои работат дури 7 дена во неделата без пауза, што многу често се случува во Катар, многу земји од светот, пред се европските, се повеќе ја прифаќаат идејата за четридневна работна недела.

Вакви пилот проекти наголемо се спроведуваат на Исланд, во Велика Британија и Германија, а сега и во Шпанија, каде започнало најголемото тестирање на скратената работна недела.

Имено, Владата на Шпанија започнала нов проект преку кој во наредните две години ќе го испитува ефектот на скратеното работно време, со оглед на тоа дека мислењата за овој модел на работа и понатаму се поделени.

Така, во малите и средни претпријатија ќе се работи 4 дена неделно.

Кој е планот на Шпанија?

Според известувањето на Ројтерс, Министерството за индустрија на земјата најавило дека на фирмите ќе им бидат обезбедени 10 милиони евра за оваа цел.

Државата е спремна да им ги надомести на компаниите дополнителните трошоци, доколку ги има. Доколку моделот биде успешен, тогаш ќе може да се воведе во целата земја. Проектот ќе трае во идните две години и тоа во компаниите кои сакааат да го реформираат начинот на работа, така што ќе можат да генерираат продуктивност која би ги компензирала трошоците за плати таму каде што не се намалуваат, се наведува.

Во изминатиот период, неколку големи шпански компании – вклучувајќи ги и Телефонка и Десигиуал, го тестирале моделот на четридневна работна недела. Но, се констатира дека во оваа држава, генерално, е направен мал број на такви тестирања.

 

španija

Фото: shutterstock.com

Она што секако е маана и треба да се разграничи е фактот дека многу компании – доколку ја воведат скратената работна недела – или ги намалуваат платите на работниците – или не им го кратат работното време, туку само неделата. Тоа значи дека морате да го исполните обемот од 40 часа, само што тие нема да бидат распределени на 5, туку на 4 дена.

На некои работници тоа им значи, но за други ваквиот вид на кратење нема поента.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Телефоника, дури и пред овој експеримент, им понудила на вработените префрлање на четридневна работна недела само со 12 % намалена плата. Концернот Ел Сол во 2021 година известил дека со преминувањето на ваковиот начин на работа, но со задржување на истите плати, компанијата имала подобри перфораманси.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: SOPA Images Limited / Alamy / Alamy / Profimedia