НовостиСветот на работникот

3 начини како да го унапредите задоволството на вработените

   Време за читање 4 минути

Подготвил: Бобан Илијевски

Дури 85 % од членовите на одборите во компаниите веруваат дека вложувањето во развојот на организациската култура треба да биде приоритет и го препознаваат неговото значење како интегрална компонента на секоја деловна стратегија. Од друга страна, 50 % од вработените сметаат дека недостигот на иницијативи за развој на организацсиката култура, претставува препрека на самата трансформација на организацијата. Инклузивната организациска култура, следењето на трендови и засилувањето на вработените се трите клучни области на кои секоја компанија треба да се фокусира доколку сака да оствари долгорочна стабилност, покажува студијата која неодамна ја спровела германската консултантска куќа Horváth.

Организациска култура, систем на заеднички уверувања, вредности и норми

Позитивното искуство на вработените доведува до поголема ангажираност, продуктивност и општо задоволство од работата. Вработените кои се чувствуваат ценето и поддржано имаат поголема веројатност да напредуваат на наредната позиција, што доведува до повеќе нивоа на ефикасност и подобри деловни резултати.

Создавањето на инклузивна организациска култура, довербата и отворената комуникација претставуваат најважен сегмент во постигнувањето на успех на една деловна заедница.

Културата на компаниите е она што ја прави суштинската разлика при избирањето на работодавач, задржувањето на кадри и имиџот на пазарот на труд. Истовремено, важно е да се има предвид дека таа се развива и трансформира во согласност со трендовите и промените во самата фирма. Во време на општоприсутни организациски трансформации, културата на компанијата е „лепак“ кој ги држи вработените на патот до заедничката цел, им дава поената и психолошка сигурност. Исто така, тоа е и „рецепт“ за остварување на деловните перформанси на компанијата, истакнала Мариа Болдер од консултантската куќа Хорват.

Maria Boldor iz konsultantske kuće Horváth

Мариа Болдер од консултантската куќа Хорват

Флексибилност во работата – нова одлика на посакуваниот работодавач

Флексибилноста во работењето која ја донела глобалната пандемија довела и до промена на разбирањето на потребите и целите на традиционалните корпоративни канцеларии и простори. Од некогаш одвоените простории и сектори, компаниите денес масовно премнуваат на т.н. „open space“ концепт кој овозможува послесна социјализација на вработените, поголема креативност, иновативност и транспарентност. Иако ова е само еден сегмент од прилагодувањето, она што е примарнo за компаниите е да го насочат вниманието кон усвојувањето на нови алатки кои промовираат развој на основните компетенции како за вработените, така и за раководството, обезбедувајќи им да бидат „опремени“ со вештини за успешно движење низ развојниот амбиент.

При ова, за да се промовира одржлив учинок во иднина, потребно е да се преиспитаат воспоставениот начин на размислување, ставовите и акциите ширум организацијата.

Студијата која ја спроведовме покажа дека повеќе од 50 % од вработените како „кочница“ на трансформацијата ја гледаат недоволната свест за потребата за промена. На компаниите им недостига фокусот да го насочат кон трансформирање на културата, начинот на размислување и однесувањето на вработените, за успешно да ја постават новата стратегија за работење. Управувањето со промените е клучот во долгорочната трансформација, додала Болдер.

Развојот на вработените како стратешки императив

Со се поголемата нестабилност на деловното опкружување, компаниите повеќе не можат да се потпираат на образовните институции да им обезбедат идеални работници.

Напротив, организациите мораат да преземат активна улога во континуираниот развој на вработените низ создавањето на околина во која секој член на колективот ќе има можност да стане лидер. Со овој потег, успешната трансформација ќе му стане одговорност и цел на секој поединец, обезбедувајќи успех на компанијата. На двострано задоволство и во двостран интрес.

Со оглед на наведеното, студијата заклучува дека унапредувањето на искуствата на вработените станува страешки императив за организациите кои сакаат да напредуваат во современото деловно опкружување. Преку приоретизирање на благосостојбата на вработените, негувањето на позитивната култура, пружањето на можности за раст и признавањето на достигнувањата, организациите ќе привлечат и задржат таленти, ќе ја зголемат продуктивноста и на крајот – ќе постигнат одржлив успех.

 

Извор: BIZLife

Фото: Horvath

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси