Правда

30 родители во Штип денес протестираа пред ОУ „Тошо Арсов“. Бараат на нивните деца да им се врати наставничката.

30 родители во Штип - Работник
606views

30 родители од ОУ „Тошо Арсов“ во Штип денес протестираа  пред училишната зграда. Од директораката на училишттот Фросина Маџарова бараа на нивните деца од IV -1 одделение да им ја врати прераспределената наставничка Ванѓе Манева. Откако Манева е во друго училиште,  од вторникот наваму, нивните деца   не одат на училиште.

„Ние имаме само едно барање. Ја замолуваме директорката да ја повлече својата одлука и да ја врати наставничката на нашите деца,а нејзини ученици“, изјави засегнат родител.

“Знаејќи дека во вторникот ќе се бојкотира, само едно дете било на настава. Како родител прашувам, зошто истото е задржано во празна училница цели шест наставни часа“, праша засегнат родител.

Родителите велат дека непосетувањето на настава ни случајно не  е нивна , туку   е одлука  на децата  поради разочарување  и  стрес по  отстранувањето на нивната омилена наставничка.

„Децата од понеделникот се во таква стресна ситуација која ја доживеаја тука во училиштето, излегоа сите вознемирани и со солзи во очите, велејќи дека повеќе не сакаат да одат на училиште. А, сето тоа, бидејќи на децата не и е објаснето зошто нивната омилена наставничка не е повеќе во нивната училница“, објасни засегнат родител.

Пред да се одлучат на протетст, засегнатите  родители се обратиле до надлежните  институции но во овој период не добиле  поддршка.

„За да може понатаму нормално да продолжи воспитно-образовниот процес и нашите деца повторно да бидат среќни, уште еднаш ги повикувам надлежните институции, надлежниот инспекторат да излезе со одлука со која ќе нé испочитува нас родителите, но и нашите деца“, нагласи засегнат родител.

Во меѓувреме, поддршка родителите добија од невладиниот сектор:

„Ние од Гласен текстилец остануваме да го мониторираме случајот, но во меѓувреме ќе ги информираме сите други граѓански здруженија за ова кршење на правата на децата“, изјава Кристина Ампева – претседател на ЗГ „Гласен текстилец“.

За случајот кој се заканува да биде поголем отколку што изгледа, директорката Фросина Маџарова вели.

„За одлуките одговара раководниот орган. За овој случај се преземени и испочитувани сите законски одредби информирани се сите надлежни органи. Родителите се повикани на родитеслки состанок и им е објаснета состојбата“, истакна Фросина Маџарова, директор на ОУ „Тошо Арсов“ – Штип.

Овој став на директорката Маџарова никако не се совпаѓа со ставот на одлучните родители  кои тврдат дека доколку наставниката не им се врати на нивните деца колективно ќе ги отпишат од ова училиште.

Инаку, повод за целиот овој случај и отстранувањето на наставничката Манева  е дисциплинска постапка за случај од неодамна по кој директорката одлучила  дека Манева треба да биде прераспределена.

Извор: Телевизија Стар