Економија

30 џиновски фабрики прават приходи колку 5,000 македонски фирми

30 џиновски фабрики - Работник
264views

Триесет компании од вкупно регистрирани над 53 илјади прават над 12 отсто од вкупните приходи на целиот корпоративен сектор во земјава. Овие 30 фирми кои се всушност само 0,05 отсто од вкупниот број компании во земјава, сепак заработиле 12,4 отсто од сета добивка која ја оствариле сите фирми во државата. Станува збор за новите производствени капацитети кои првенствено имаат странски сопственици и егзистираат во македонските технолошки индустриски зони. Анализа на Народната банка покажува дека само овие 30 фабрики имаат нето ефект од околу 2,1 отсто во вкупниот Брутодомашен производ од 2013 до 2016 година. Сепак анализата покажува дека овие фирми малку соработуваат со домашните компании и многу малку позајмуваат пари од македонските банки, пишува Фактор.

Целосниот текст можете да го прочитате тука