СветСветот на работникотСиндикат

3,3 милиони работници во ЕУ не се покриени со колективни договори

3,3 милиони работници - Работник
268views

Најмалку 3,3 милиони работници немаат бенифиции од колективните договори ширум Европската унија споредено со почетокот на векот, покажуваат најновите податоци, објави Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК.

Покриеноста со колективното преговарање е опадната во 22 од 27 ЕУ земји членки од 2000 година како резулатат на намерните политики имплементирани од страна на земјите членки и поддржани од Европската комисија, најчесто поради погрешната идеја дека високото ниво на колективно преговарање е лошо за економијата, велат од ЕТУК.

Фактите покажуваат дека ова не е точно. Напротив, силното колективно преговарање придонесува за зголемување на платите и подобрување на работните услови, како и за пофер општество и подобри економски преформанси, истакнаа од ЕТУК.

Најголемиот пад на работници покриени со колективни договори бил во Романија (од 100% на 23%), Грција (од 100% на 25%) и Бугарија (од 56% на 23%) покажуваат податоците од Универзитетот во Амстердам.

Податоците покажуваат и дека бројот на работници покриени со колективен договори е опаднат во 9 од 15 држави, вклучувајќи ги Грција (-1,2 милиони), Германија (-884,000) и Унгарија (-439,000).

Има голема разлика во покриеноста помеѓу државите ширум ЕУ, со само 7% на работниците кои имаат бенифит од колективното преговарање во Литванија споредено со 98% во Австрија.