ЕкономијаМакедонија

45 домашни компании се стекнаа со сертификатот „Фер за потрошувачот

45 домашни компании - Работник
218views

Вкупно 45 компании денеска добија сертификат „Фер за потрошувачот“ за компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, како и кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

Сертификацијата на компаниите е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите (ОПМ), ЗБК Креација и Асоцијацијата Зенит.
Министерот за економија Крешник Бектеши на доделувањето на сертификатот, истакна дека Министерството, како надлежно за заштита на потрошувачите ги следи практиките на ЕУ и предложило мерки и инструменти во Програмата за заштита на потрошувачите за период 2019-2020 година со кои се опфатени поголем број институции за поддршка на граѓанските организации за информирање, едукација, советување и алтернативно решавање на спорови со потрошувачите, објави Бизнис Регулатива.