- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

5 РАБОТИ кои менаџерите можат да ги направат за да им помогнат на вработените

5 РАБОТИ кои менаџерите - Работник
495views

Подтовил: Бобан Илијевски

Речиси половина од вработените (41 %) планираат да направат промена во кариерата во наредната година, покажуваат резултатите од истражувањето на Work Trend Index report на компанијата Мајкрософт, во кое учествувале 30,000 ваботени ширум светот.

Во текот на последните 18 месеци, многумина се бореле со стресот предизвикан од живото во пандемија – поради грижа за здравјето на саканите, балансирањето помеѓу образованието на децата од дома и грижата за децата, како и поради борбата со изолацијата и осаменоста.

Работата исто така претставувала предизвик. Повеќе од половина вработени ширум светот (54 %) признале дека се чувствуваат изморено поради зголемувањето на обемот на работа. Бројот на состаноци, мејлови и разменети пораки драстично пораснал, додека хибридниот начин на работа станал норма.

Меѓутоа, менаџерите и носителите на одлуки поминале многу подобро. Дури 61 % од менаџерите изјавиле дека во текот на претходниот период напредувале – 23 % повеќе од оние кои не се задолжени за носење одлуки.

На тоа влијаеле бројни фактори, како фактот дека менаџерите имаат повеќе професионални мрежи за поддршка, но и повеќе денови одмор.

Со оглед на тоа дека летото е пред нас, постојат неколку работи кои менаџерите можат да ги направат за да им помогнат на членовите на своите тимови да ги „наполнат батериите“ и успешно да се вратат на работа.

  1. Активно поддржувајте ги луѓето да земат слободен ден. Објаснете им дека треба да го искористат одморот и да се исклучат целосно од работата. Покажете го тоа со сопствен пример. Земете неколку слободни денови и објаснете му на својот тим дека нема да бидете достапни за работа. Ако додека ви трае одморот не патувате на некоја дестинација, туку останете дома, задолжително комуницирајте со својот тим и останете при одлуката дека нема се вклучувате во работата како да сте отишле на Сејшелските острови. На тој начин ќе им „дозволите“ на членовите на вашиот тим да го направат истото.
  2. Искористете го вашето време поминато вон работа да размислите за вашиот менаџерски стил. Јасно е дека луѓето се чувствуваат премногу истрошено. Поради тоа по влегувањето во хибриден начин на работа ќе бидат подобро позиционирани оние менаџери на кои им е важно како нивните вработени се чувствуваат, а не колку се продуктивни. Можеби ваквата транзиција на лидерство со емпатија ќе биде непозната за постарите членови на менаџментот, па можат да започнат со едноставни и конкретни чекори како започнување на разговор и заинтересираност за здравјето на вработените или, уште подобро, за тоа како вработените успеваат да балансираат помеѓу професионалниот и приватниот живот. Она што е од суштинска важност е активното слушање на соговорникот. Исто така, флексибилниот пристап е многу важен. Поддржувањето на луѓето да пристапат кон работниот ден на не линеарен начин, така што ќе остават доволно слободно време за децата, домашните миленици и фитнесот, може да им помогне да го вратат чувството на стабилност.
  3. Посветете повеќе време на обуките. Ако работата во вашата индустрија оди побавно преку лето, тоа е одлична прилика да го поттикнете вашиот тим максимално да ги искористи достапните можности за учење и развој на професионалните вештини. Разговарајте со нив за некои обуки кои ви биле интересни, особено оние кои се фокусираат на вештини поврзани со заштитата и одржувањето на менталното здравје. Одлична содржина на оваа тема можете да пронајдете на веб страната LinkedIn Learning, особено во предавањето за работната отпорност.
  4. Зајакнете ги луѓето. Алатките како Office 365 и Viva им помагаат на вработените да останат во контакт, но исто така им нудат и увид базиран на податоци кои можат да им помогнат да се исклучат и да се фокусираат на здравјето и личните приоритети. Со оглед на тоа дека во текот на летот деновите се подолги, потсетете ги своите вработени да ги искористат можностите кои овие алатки им ги пружаат и да повеќе време поминуваат надовор!
  5. Бидете транспарентни во врска со враќањето во канцеларија. Ниедна компанија ги нема сите точни одговори поврзани со креирање на идеално хибридно работно опкружување. Осигурете се дека сите вработени ќе бидат известени не само за сите одлуки кои ги носи менаџментот, туку и за тоа како се носат одлуките, за да видат дека компанијата во предвид ги зема и нивните потреби. Ова лето, ова прашање ќе биде во умот на секој работник – така да отворената, јасна комуникација наголемо ќе придонесе кон отстранување на сите грижи поврзани за тоа.

Повеќе за резултатите од истражувањето може да се прочита на Work Trend Index, а ако сакате да дознаете како на најдобар начин да управувате со хибридниот начин на работа на “Hybrid Work: A Guide for Business Leaders.”

 

Извор: Bizlife

Фото: Microsoft