ЕкономијаЗанимливостиСвет

5 совети на Форбс за претприемачите

5 совети на Форбс за претприемачите - Работник
101views

Авторот Брајан Колинс во новиот текст за американскиот магазин Форбс дава неколку совети за навиките на успешните претприемачи.

Советите настанале по интервјуата со голем број на бизнисмени во различни сектори на индустријата, пренесува БизинсИнфо.

Потпрете се на мотивираниот тим 

Секој може да започне бизнис, но за тој да се развие и да трае морате да имате вистински тим.

Илон Маск нема сам да им овозможи на луѓето да патуваат на Марс, ниту Џеф Безос направил светски гигант од Амазон сам. Тие тоа го направиле со помош на илјадници талентирани професионалци.

Работите напорно, а потоа одморете се

Минатата година Илон Маск рекол дека е невозможно да се постигне резултат без напорна работа.

„Никој никогаш не го сменил светот работејќи 40 часа неделно“, рекол тој повикувајќи се на работната етика во неговите компании Тесла и Спејс Екс.

Иако поголемиот дел од претприемачите се согласуваат со Маск за важноста на напорната работа, многумина од нив знаат кога треба да застанат. Сфаќаат дека времето поминато во опуштање им помага на лидерите и целиот тим да ги „наполнат батериите“, да се одморат и да размислат.

Шведскиот претприемач Јохан Етби, директор на компанијата Фишбрејн вели дека ова е многу важно.

„Не е се во тоа колку работите. Треба и да спиете, јадете и имате добри односи со семејството и пријателите“, вели тој.

Вредни активности вон работно време

Директорот на Мајкрософт, Сатја Надела ужива во поезија. Ворен Бафет игра бриџ. Мајкл Дел чува коњи на својот ранч во Тексас. Претприемачите имаат разни навики вон работата, вклучувајќи ја јогата, вежбање на силата или боречки вештини и.т.н.

Многумина рекле дека овие хобија го зајакнуваат нивното тело и ум и им помагаат да се фокусираат кога се на работа. Изберете хоби кое ќе го зајакнува вашето тело и дух. Тогаш ќе бидете посилни, пофокусирани и подобри на работа.

Медитирајте

Хедспејс, компанијата која стои зад популарната апликација за медитација, спровела студија помеѓу 1,300 учесници во пет различни полициски агенции.

Студијата покажала дека медитацијата е поврзана со подобрувањето на ефикасноста на работата, како и со зголемената благосостојба и отпорноста. Медитацијата помага не само на работа туку и во приваните меѓучовечки односи.

До слични заклучоци дошле и другите истражувачи. Многумина претприемачи ја применуваат медитацијата.

Фокусирајте се на она во што сте добри

Ефикасните претприемачи се фокусираат на она во што се одлични додека останатите задачи ги препуштаат на другите.

Благодарение на ваквиот пристап постигнале големи резулатати. На пример, некој кој е способен да развие некој моќен софтвер може да заработи многу пари, но тоа не значи дека ќе биде добар директор на компанија, бидејќи за тоа е потребна друга низа на вештини.

Нему му треба добар извршен директор кој ќе ја води компанијата, за да тој може да се посвети на она во што е најдобар.