ЕкономијаМакедонија

Одборот на директори на Тутунскиот кобинат АД Прилеп донесе одлука во април целиот менаџмент во компанијата да земе минимална плата од 14.500 денари

194views

Одборот на директори на Тутунскиот кобинат АД Прилеп донесе одлука во април целиот менаџмент во компанијата да земе минимална плата во висина од 14.500 денари.

Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од КОВИД -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал, информираа денеска од компанијата.

Повеќе прочитајте на канал5.мк