МагазинСветот на работникот

7 работи кои му се случуваат на вашето тело кога ја мразите вашата работа

7 работи кои му се случуваат - Работник
382views

Ако не ја сакате вашата работа или во потполност ја мразите, тоа може да предизвика не само незадоволство на работното место, туку и дополнителни физички и ментални симптоми кои влијаат на вашиот живот на други начини.

Можат да влијаат на вашата благосостојба, како и на вашите односи со луѓето во канцеларија и вон неа. Кога се жените во прашање, незадоволството од работата може да влијае на менструалниот циклус. 

Бизлајф.рс издвојува седум работни кои може да се случат кога ја мразите вашата работа и поради тоа доживувате и физички проблеми. 

Главоболка

Незадоволството на работното место може да доведе до главоболка, па дури и до мигрена. Тоа се тензиски главоболки кои настануваат кога вашето тело ќе се стегне и влијае на дотокот на крв во мозокот. Може да ги предизвика стресот кој настанува како последица од незадоволството на работното место. 

Покачување на телесната тежина

Ако не сте задоволни со вашата работа, најверојатно ќе забележите зголемување на телесната тежина. Ова може да биде предизвикано од повеќе фактори. Прејадувањето е вообичаен механизам за соочување со стресот, кон кое се прибегнува кога сте незадоволни од вашата кариера и не сте мотивирани за вежбање по исцрпувачкиот ден на работа. 

Заморни и болни мускули

Кога сте несреќени и чувствувате напнатост, вашите мускули несвесно се згрчуваат. Згрчените мускули можат да доведат до други телесни болки, како болки во грбот, рамениците и други болки во мускулите и зглобовите. До тоа доаѓа кога човек се наоѓа во стресно опкружување во кое е многу тешко да се опушти. 

Несоница

Екстремниот стрес и незадоволството можат да доведат до губење на сонот. Можеби ќе ви биде тешко да го опуштите телото и умот и да се наспиете за да се чувствувате одморно. Недостатокот на сон може да придносе и да засили други симптоми поврзани со стресот, како главоболка и ментален замор.

Менатален замор

Недостатокот на сон, заедно со дополнителниот стрес, може да направи вашиот ум да се чувствува преморено. На ист начин на кој можете да го искусите физичкиот замор, можете да го искусите и менталниот. Менаталниот замор може да биде потполно исцрпувачки и да предзивика да почувстувате симптоми слични на согорување. Менаталниот замор може да го отежне фокусирањето и продуктивноста, бидејќи никогаш не се чувствувате потполно енергично и одморено. 

Ослабен имунолошки систем

Ослабениот имунолишки систем може да доведе до лесно разболување. Не само што сте склони на зараза со вируси, како настинка, воспаление на грло, грип, стрес и незадоволство можат да доведат до тоа да нечије тело бара период на опоравување отколку што е вообичаено за овие вируси.

Нередовна менструација и симптоми на менопауза

Под стрес, жените можат да доживеат неправилност во менструацијата. Менструациите можат да бидат се потешки, а грчевите можат да биде се поболни. Жените кои поминуваат низ менопауза може да имаат засилени симптоми.