- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНовостиСветот на работникот

7 чекори за напредок во кариерата

7 чекори за напредок во кариерата - Работник
151views

Секој вработен сака унапредување и зголемување на платата, а тоа може да се случи само ако се докаже и успее да „влезе во очи“ на наредените. 

Секако, за некои тоа доаѓа само по себе бидејќи се над другите, но некои мораат да пронајдат начини да се наметнат и подигнат во работното опкружување, пренесува порталот ИКТ Бизнис. 

Подоле има седум начини како да се постигне тоа. 

1.Создадете силни врски

Морате да ги знаете своите претпоставени и да знаете што сакаат, за да можете тоа да им го дадете. Освен тоа, исклучително е важно да се познава лицето кое стои позади Вашиот тим или одделение, бидејќи преку него можете да добиете важни препораки. Тоа најчесто ќе го знаете ако слушате на состаноците и воопшто, секој лидер ги кажува целите. Ако тоа не не го каже, комуницирајте, откријте ги. Затоа потрудете се да ги исполните. 

2. Развијте се околу себе

Не работете само на себе, туку помогнете им на другите да се развиваат и работат подобро. Имено, кога ќе се види дека го можете, некој над вас сигурно ќе ја „запали ламбата“ и ќе ви понуди положба на која Вашите вештини ќе бида поизразени. Исто така, ќе сакаат да ве задржат, а со тоа ќе ви се зголеми и платата. 

3. Предводете ги промените

Понекогаш вработените ќе одбијат да испробаат нешто ново бидејќи тоа не можат да го направат. Тоа е последица на забрзаните промени во модерното време. Значи, земете ја палицата, покажете дека сте спремни за нив и доволно мотивирани да им се препуштите. Секако, внимавајте надредените ова да не го сфатат како закана. 

4. Инспирирајте ги наредените

Нудите идеи, нудите начини за извршување на работата преку подобри, побрзи начини. Предлагајте проекти и разни работи, бидете проактивни и тоа ќе ви се врати. 

5. Мислете критички

Ако видите дека нешто не е во ред, речете го тоа на глас и предложите нешто подобро. Но повторно, внимавајте. Некои претпоставени ова ќе го доживеат како поткопување на авторитетот и закана. Затоа, направете го тоа на вистинскиот нчаин. 

6. Јасно комуницирајте

Знајте што сакате и како тоа ќе го кажете бидејќи на тој начин можете да привлечете внимание. Покрај тоа, наредените ценат комуникативни лица, па би можеле да сакаат да бидете поблиску до нив. 

7. Бидете доверливи

Не брзајте со амбициите, за да на крајот не останете без покритие за нив. Проценете добро што и кога можете да покажете, да се препуштите на предивиците, да оставите впечаток на доверливост.