Uncategorised

7,000 рудари се плашат да не останат без работа поради најавеното реконструирање на рудникот во ДРК

7,000 рудари се плашат да не останат - Работник
221views

Швајцарската рударска трговска компанија Гленкор објави дека рудникот Мутанда во Колвези, Демократска Република Конго ќе го обновува од 2020 до 2022 година, што предизвика страв и несигурност на повеќе од 7,000 рудари кои би можеле да останат без работа доколку се затвори рудникот.

Писмото од управата до работниците истакна дека одлуката привремено да се затвори рудникот е поради падот на цената на кобалтот на меѓународниот пазар, високите цени на материјалите, особено на сулфурната киселина и зголемените даноци за рударските компании од страна на Владата на Демократска Република Конго која ги усвои новите амандмани на државниот закон за рударство. Според писмото, овие фактори ја намалиле економската виталност на рудникот.

Цените на кобалтот во март 2018 година изнесуваа 43 долари за килограм, а во јули истата година тие паднаа на 11,80 долари, но според Гленкор цените започнале да се оправуваат. Кобалтот којшто е производ на Копер и Никел се користи за производство на мобилни смарт телефони и електрични батерии за возила. Демократска Република Конго произведува преку 60 проценти од глобалниот кобалт.

На состанокот со работниците, управата рекла дека рудникот Мутанда нема да се затвори. Ниту пак дека Гленкор ќе го продаде рудникот и ќе ја напушти државата. Од управата истакнале и дека работниците и нивните семејства ќе продолжат да уживаат во бенефициите и дека никој од нив нема да остане без работа.

Но, глобалните придружници на ИндустриалАл, Секретаријатот на индустриски синдикати (ЦСЦ) и (ТУМЕЦ) кои имаат членови во рудникот Мутанда, велат дека проблемот е наметлив.

Исак Кики, Претседател на Лулаба Провинцијата, комитет на ИндустриалАЛ придружниците, рече:

„Ова е сериозна ситуација која бара од нас да разбереме што вели законот за одлуката на Гленкор. Како синдикати ние мораме да ги искористиме нашето знаење и искуство и да почнеме да правиме стратегии и да се подготвиме за преговори, за да не бидеме фатени неподготвени“.

Глобалниот синдикат ИндустриалАл бара консултации однапред кој се во согласност со духот на глобалниот дијалог договорен со Гленкор.

Гленкор има 158,000 работници глобално, а од нив 57,000 се во Јужна Африка