Uncategorised

75 милиони евра се достапни за компаниите од денеска

75 милиони евра се достапни за компаниите од денеска - Работник
315views

Компаниите од денеска може да поднесуваат барање за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите по новите изменети услови, кои според Владата се олеснети и можат да ги користат над 4.000 фирми.

Измените се донесени, а правилниците во Министерството за економија се потпишани минатата недела и објавени во Службен весник, со што почнува можноста фирмите да аплицираат за средствата кои се во износ од 75 милиони евра.

Од Владата велат дека измените се во насока на поголема поддршка на индустријата и економијата, а се опфаќаат фирми што не беа опфатени првично со Законот. Со нив барање за финансиска поддршка може да поднесат компании од ИТ секторот, компании од преработувачката индустрија што не се опфатени со ИПАРД, а сакаат да направат индустриско производство. За финансиска поддршка може да поднесе барање и компании од секторот трговија, но за да направи производствена дејност, како и од градежниот сектор, но не за изградба на станови, туку за делот на производната активност.

Критериумите се оценуваат како транспарентни, јасни и без договарње, однапред познати и овозможуваат повеќе компании да аплицираат, објави Сител.

Целосната објава можете да ја прочитате тука