ЗанимливостиСветот на работникот

8 знаци дека работите во токсичен амбиент

8 знаци дека работите во токсичен амбиент - Работник
185views

Сите можат да ги забележат очигледните знаци на токсичност на работното место, како шеф кој вика на работниците.

Но, постојат и многу суптилни знаци кои не се толку очигледни, но сепак укажуваат на тоа дека работното опкружување не е такво какво што треба да биде. Овие се некои од тие знаци:

# Што луѓето навистина мислат – дознавате после состанокот

Сте биле на состанок со група на колеги на кој требало да се донесе одлука или на дневниот ред било нешто важно. Но, никој немал да каже нешто многу.

Дури после состанокот, луѓето се поделиле на помали групи за да разговараат за тоа што навистина мислат и ги изнеле ставовите кои требало да ги изнесат на состанокот.

# Премалку различни мислења

Ова е поврзано со она што е гореннаведено, но се однесува на состаноците на тимот на кој шефот му дава малку повратни информации или многу малку му остава простор да зборува.

Мислите ли дека сценариото каде шефот држи монолог и сите се согласуваат со него е знак на здрав тим? Секако дека не. Тоа е знак дека луѓето не можат слободно да разговараат со сопствениот шеф.

# Само одреден тип на работник одбива унапредување

Сите кои напредуваат во таквите компании се ист тип на личности како и шефот кој одлучува за тоа, или се тоа само оние кои се бесрамни самопромотери и улизувачи. Тоа е знак дека владеат предрасудите и дека различностите се занемеруваат.

#Никој не презема ништо кон неработниците

Малку работи брзо го уништуваат моралот кога некој вработен кој не работи речиси ништо на работното место, понатаму седи на работа и никој не презема ништо. Тоа може да биде поради шефот „безкичмењак“ или од причина што нема доволно контакт помеѓу луѓето.

Без оглед на причината, тоа сигурно ќе ги демотивира многу успешните работници. Трулото јаболко многу брзо може да го упорпасти останатото овошје.

# Се работи под постојан страв од неуспех

Обрнете внимание на тоа за што зборуваат вработените. Дали првенствено се работи за тоа како да се постигнат одредени зададени цели, задоволување на временските рокови и тн. – и последиците доколку тоа не се случи.

Ако е таков случајот, тоа зборува за постојан страв од неуспех.

Секако дека мора да се разговара за целите и роковите, но мора и да се разговара и за други работи, како што се тимската работа, напредувањето, почитувањето и довербата, како и за самата смисла затоа што сака да се постигне.

# Енергијата е на ниско ниво

Понекогаш можете да ја почувствувате токсичноста само така што нема да чувстувате никаква енергија. Зарем никој не се смее или не разговара во ходниците? Одат ли сите со подигнати глави или се намуртени цело време?

На момент размислете за спротивното. Кога енергијата е на високо нив, таа не може да се сокрие и се чини дека едноставно избива од ѕидовите.

# Никој не бара ваш совет или помош

Доколку вработените се поделени во мали групи кои се затворени во свој мал свет, тоа не е добро. На таквите групи им недостасува чувство за отвореност, соработка, делење и барање на друго мислење. Тоа е една форма на токсичност.

# Никој нема вистинска визија

Во некои компании се чини дека никој не може да ја артикулира крупната слика? Тоа е она чувство дека работите се прават без вистинска смисла, да не е јасно во кој правец се оди?

Тоа е знак на недостаток на било која јасна визија која би дошла до секој вработен. Без кормило и светилник, организацијата е предоредена да плови во мрак додека не удри во карпи, пишува американскиот магазин Инк.ком, а пренесува БизнисИнфо.