МакедонијаПравдаСиндикат

8 јуни ќе биде работен ден, за СОНК тоа е начин за спречување на веќе закажаниот протест

8 јуни ќе биде работен ден, за СОНК тоа е начин за спречување на веќе закажаниот протест - Работник
1.35Kviews

На последната седница на Владата се одлучи сабота (8 јуни) да биде работен ден, за да се одработи 7 мај, денот кога на посета беше Папата Франциск. А, на 8 јуни е протестот на Конфедерацијата на слободни синдикати. Ќе работат сите оние од јавниот сектор кои на 7 мај не работеле на територија на град Скопје.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК смета дека дека оваа одлука на Владата е избрзана и е донесена тенденциозно, во пресрет на нивниот долгонајавуван јавен протест пред Владата на Република Северна Македонија и дека ова е обид на Владата да го спречи протестот.

Од СОНК истакнаа дека јавниот протест сепак ќе се одржи и покрај носењето на таква одлука на Владата и сметаат дека ваквиот чекор ќе предизвика релволт и дополнителн мотив на членовите на синдикатите да излезат што помасовно на најавениот протест.

Тие истакнаа дека поради тоа СОНК ќе одржи вондредна седница на Советот, на која ќе одлучи за тоа на кој начин ќе се одговори на овие предизивици, каде што според нив се спречуваат вработените во јавниот сектор и во училиштата, градинките, високо образовните и научни институции и културните установи на ниво на територија на град Скопје, да излезат на најавениот јавен протест.