ЕкономијаМакедонија

90,5 % од микропретпријатијата во нашата држава имаат помалку од 10 вработени

90,5 % од микропретпријатијата - Работник
23views

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2018 година, деловните субјекти, во рамките на структурните деловни статистики, реализираа за 9.1 % поголем промет и за 7.6 % зголемена додадена вредност во однос на претходната година.

Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти (58 231) со ангажирани 396 629 вработени лица, остварија вкупен промет од 1 312 068 милион денари и додадена вредност од 281 656 милиони денари.

Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и од секторот Преработувачка индустрија учествуваат со повеќе од две третини во вкупниот промет (69.1 %), а по нив следат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сo 7.1 %, Градежништво со 6.5 % и Транспорт и складирање со 5.8 %, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука