Правда

938 административци сè уште седат дома, Дураку: Наскоро сите ќе одат на работа

938 административци сè уште седат дома, Дураку: Наскоро сите ќе одат на работа-работник
182views

938 државни административци вработени според Рамковниот договор и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата. Вицепремиерот, Садула Дураку, во емисијата “10 МИНУТИ“ изјави дека Владата ја подготвила втората фаза за селекција на административците, но без точен рок кога ќе дознаат на кое работно место ќе бидат распределени. Овие административци веќе една деценија седат дома, а примаат плата. Немаат ниту еден ден поминато на работно место.

„Сегашната влада имаше одлука за распределба на 938 административци во институции и од нив за 519 почна постапката и тоа во сите ресори кои се на ниво на владата, каде имаме одговор и правиме селекција во прва фаза. Верувам дека првата фаза ќе помине без никаков проблем и потоа ќе преминеме на втората фаза, при што со Владина одлука треба да се направи распределба на 938 административци“, вели Дураку.

Според вицепремиерот Дураку со ребалансот на буџетот кој е во тек, целта е неискористените пари да се пренаменат за капитални инвестиции. Во врска со отворањето на граничниот премин Лојане – Миратовац, Дураку рече дека се игра пинг-понг со жителите на овој регион, но дека се уште постои надеж.

Целиот текст можете да го прочитате тука