Наука

99% од океанската пластика се растопува во водата, научниците велат дека ова е вознемирувачко откритие

99% од океанската пластика - Работник
722views

Секоја година осум милиони тони пластика завршуваат во океаните. Глетките на куќниот отпад кој плови во големите купови на ѓубре на отворено море или е заплетен околу китовите и птиците го претвориле загадувањето на пластиката во едно од најпопуларните еколошки прашања на светот. Но, веќе најмалку десетици години најголемото прашање помеѓу научнците кои проучуваат морска пластика не е зошто пластиката во океаните е обилна, туку зошто не е. Она што научнците можат да го видат и измерат, пловното ѓубре и пластичниот отпад на плажите, претставува само мал дел од вкупната количина на пластиката која завршува во морињата, за Гардијан пишува Стевен Буранаји.

Каде се преостанатите 99 проценти од пластиката во океаните? Неодамна започнал да се појавува вознемирувачки одговор, вели Ерик Ван Себил, океанограф од Универзитетот Утрехт во Холандија. „Она што вообичаено го гледаме дека се акомулира на морската површина е помалку од врвот на ледениот брег, можеби половина проценти од вкупната количина“, вели.

„Често се шегувам дека лесно е да се биде научник за океанска пласитка, затоа што секогаш можеш да пронајдеш малку пластика каде и да побараш“, вели Ван Себил за Гардијан.

Меѓутоа,Ван Сибил додава дека во реалност картите на океаните престануваат на површината, а недостасуваат доверливи податоци за тоа колку пластика на која локација има. Станува очигледно дека во големи колични завршува во подлабоките делови на океаните, закопана во седиментот на морското дно и распрскана како облак од прашина во длабочините.

Можеби најстрашно е тоа што пластиката може да се намали на толку мали делови кои едвај можат да се детектираат, вели Хелге Ниеман, биохемичарка од Холандскиот кралски институт за истражување на морето. Во тој момент, вели Ниеман за Гардијан, „пластиката станува повеќе хемикалии потопени во вода отколку што пловат во неа“.

Околу 440 киломтери од брегот кој се протега од вратата на Сан Франциско Беј, покрај отворените води на Монтереј Беј до сликовитите планини и шуми Биг Сур, копнена е границата на најголемиот американски морски резерват. Секој кои ги посетува плажите околу Санта Круз или се вози преку крајбрежниот автопат му се чинат за недопрени. Но, тоа не е целата вистина, напоменува Бурнаји.

Во последните две години, научниците од блискиот Монтереј Беј Аквариум Ресрч Институт користат прилагодени подморници на далечинско управување за да земат примероци од речиси невидливата пластика која плови длабоко под површината. „Само затоа што не можеме да ја видиме, не значи дека таа не е таму“, вели Анела Чој, професорка по океанографија од Универзитетот во Сан Диего, како и водечка истражувачка на проектот. Под она што таа го нарекува површина на кожата на океанот, подморниците внимателно филтрираат морска вода и созадаваат слика за тоа што е во неа.

Воодушевувачко откритие

Нејзината екипа открила дека на длабочина од 200 метри во секој литар на вода се наоѓаат речиси 15 парчиња на пластика, слично како количината која се наоѓа на површината на таканаречениот куп од ѓубре. Пластиката се наоѓала и во примероците кои подморниците ги зеле и на максимална длабичина од 1,000 метри. Но, тоа е дури почетокот на истражувањето. „По две до три години работа, имаме само еден сет на примероци на еден дел од светските океани“, вели Чој за Гардијан.

Целосниот текст можете да го прочитате тука