- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

BOOKING отпушти повеќе од 4.000 луѓе, голем пад на резервациите

BOOKING отпушти повеќе од 4.000 луѓе - Работник
153views

Компанија за изнајмување Booking.com објави дека отпушта повеќе од 4.000 вработени, што е четвртина од работната сила.

Отпуштањата ќе започнат следниот месец и ќе траат до крајот на годината, според матичната компанија „Booking Holdings Inc“, пренесува Себиз.

Advertisement

Компанијата исто така е сопственик на компаниите за резервација на ресторани „ OpenTable“ и „Priceline.com“.

Бројот на резервирани соби на „Booking.com“ во текот на првиот квартал од оваа година опадна за 43 проценти, на 124 милиони, а падот продолжува. Компанијата ги предупреди инвеститорите во мај да се подготват за уште полошо во вториот финансиски квартал, чии резултати треба да бидат објавени во четврток.

Advertisement
Advertisement

Booking.com има 17.500 вработени и повеќе од 200 канцеларии ширум светот.

Извор: b92.net

Advertisement