- Advertisement -
ЗанимливостиМагазин

Google и дал отказ заради мејл: Американската компанија обвинета дека ги шионира своите вработени па потоа им доделува откази.

Google и дал отказ заради мејл - Работник
184views

 Националниот одбор за работни односи (NLRB) поднесе жалба против компанијата Google.
Лоренс Берланд и Кетрин Спирс се отпуштени кон крајот на 2019 година, затоа што организирале протести во компанијата Google. Причината за организирање е тоа што Google одлучил да соработува со IRI Consultants, за која The Verge истакнува дека е компанија позната по нејзините напори против синдикатот.
Иако уште неколку луѓе се отпуштени заради овие протести, само двајцата од нив беа жртви на непочитувањето на законот за работни односи. NLRB може да нареди на Google да ми го врати местото во компанијата, но не може да ја намали штетата која е направена по мојот кредибилитет истакна Спирс.
Интересно е што се огласи и Тимнит Гебру, пораншната вработена во компанијата, која била задолжена за развој на етика на вештачката интелегенција, која откри дека Google и дал отказ после еден нејзин мејл! Таа им пратила порака на сите жени и соработници во Google Brain тимот( задолжен за вештачка интелегенција), за потоа Џеф Дин( шефот на тој тим) да и даде отказ.
Тимнит откри дека низ компанијата се ширел мејл во кој пишува дека своеволно си дала оставка.
Во мејлот стои дека она сакала да објави истражување, но добила директива да се откаже од тоа, за што не добила објаснување, како ни разговор или шанса за одговор. Во мејлот може да се види нејзината фрустрација заради недосток на транспарентност, но и заради начинот на кој се однесувале спрема неа кога побарала објаснување, пренесува Fast Company. На социјалната мрежа Tвитер Тимнит споделила дека и кажано дека тој мејл е во спротивност со очекувњата на Менаџерот на Google.
Интересно е што истиот ден Google се најде во центарот на вниманието поради отпуштање работници, но и поради шпионирање!