- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

„H&M“ доаѓа во Македонија

101views

Познати интернационални ланци маркети, како и познатиот шведски бренд „H&M“, полските „LPP“ и „CCC“ планираат влез на македонскиот пазар.

Фактор.мк“ открива за преговорите што овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврдат дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да се објавуваат. Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 имало раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.

Advertisement

Според информации на „Фактор“ влез на пазарот разгледуваат и германски „Лидл“, но и уште неколку други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу нив и познатите „Спар“ и „Била“.

Извор: Лидер 

Advertisement
Advertisement

Advertisement