Економија

MOT: Мерење на родовиот јаз во платите

MOT: Мерење на родовиот јаз во платите - Работник
201views

Во глобалниот извештај за плати 2018/19 година на Меѓународната организација на труд – МОТ се претставува глобална анализа на родовиот јаз во платите. Во Цел 8.5 од Целите на Организацијата на Обединетите Нации за одржлив развој (ЦОР), со која 2030 година треба да се постигне „еднаква плата за работа со еднаква вредност“, како главен показател за споредба се предлага „просечни примања по час на вработените мажи и жени“.

Според извештајот доколку се користи просечната (средна) плата по час за процена на родовиот јаз во платите, како што е предложено со ЦОР на ОН, во извештајот се наведува дека, врз основа на податоците од 74 земји, што покриваат речиси 80 % од вработените ширум светот, воспоставениот глобален родов јаз во платите изнесува околу 16 %. Постојат големи разлики меѓу земјите, при што средниот родов јаз во платите по час изнесува 34 % во Пакистан, а -10,3 % во Филипини (што значи дека во оваа земја, жените заработуваат во просек за 10,3 % повеќе од мажите).

Во извештајот се истакнува дека има различни начини на кој може да се мери реалниот родов јаз во платите. Двете мерења што најчесто се користат се „среден родов јаз“ ( како што е проценето погоре) и „медијален родов јаз во платите“; со вториот се спроведува вредноста во средината на распределбата на платите за жените со вредноста во средината на распределбата на платите на мажите.  Се јавуваат дополнителни разлики доколку се врши споредба на месечните плати, отколку на платите по час. Со користење на овие четири различни комбинации (средна/медијална и по час/месец), во извештајот се утврдува дека воспоставената вредност, во глобални рамки, се проценува на околу 16 проценти до 22 проценти, зависно од мерењето што се применува. Родовиот јаз во плати од 22 проценти се добива кога се користи медијалната месечна плата.