- Advertisement -
ЕкономијаСвет

Pinterest плати 90 милиони за да го откаже закупот за канцелариите?

92views

Според американските медиуми, ова е еден од најзначајните потези што ги направил технолошка компанија за време на пандемијата на коронавирусот.

Социјалната мрежа Пинтерест го откажа закупот на деловниот простор, а за да го стори тоа, требаше да плати дури 90 милиони долари пенали. Околу 45.000 квадратни метри деловен простор во Сан Франциско се наоѓа во близина на нивното седиште, а минатата година е потпишан договор за закуп.

Advertisement

„Додека ние анализираме како ќе се промени работниот простор во пост-ковидското време, ние сме особено насочени кон нашите идни вработени и каде ќе ги поставиме“, напиша Тине Моргенфелд, ЦФО на Пинтерест, во изјава во петокот, додавајќи дека оваа ситуација ќе им овозможи да вработуваат луѓе со поширок спектар на знаење и искуство.

Сан Франциско и Калифорнија генерално се наоѓаат во незавидна позиција бидејќи технолошките компании како Твитер и Слек технолоџис ги затворија своите канцеларии во последните шест месеци, усвојувајќи „мобилен“ начин, а многу вработени го напуштија градот неодамна.

Advertisement
Advertisement

Извор: Банкометар 

Advertisement