„Snap“ бара од вработените да се вратат во канцелариите четири дена неделно

Директорот на компанијата „Snap“, Еван Томас Шпигел (32), кој во 2015 година бил прогласен за најмлад милијардер на светот, решил да ги „врати“ вработените во канцелариите.

Американецот од Лос Анџелес, кој според Форбс во 2022 година, има нето вредност од 2,6 милијарди евра, им рекол на работниците дека го очекува нивното присуство во канцелариите 80 % од времето, почнувајќи од февруари.

Со други зборови, да доаѓаат на работа четири дена, додека петиот ден да работат на далечина (од дома). Ова, поточно, не е така позитивна вест за вработените во „Snap“ кои прилично „замолкнале“, бидејќи немале обврски да доаѓаат на работа.

Откако започнал периодот на короната, многу технолошки гиганти вовеле практично трајна работа од дома, за оние кои го сакаат тоа. Конкретно, „Snap“, во ек на кризата, рекол дека во канцелариите ќе доаѓаат само минимален број на работници, неопходни за функционирање на фирмата и нејзиниот систем.

Верувам дека колективното поминување на времето ќе ни помогне да го оствариме полниот потенцијал – им рекол Шпигел на работниците, покажува дописот кој го прегледал Блумберг.

„Тоа значи, во просек, четири или повеќе дена неделно во канцелариите за вработените на полно работно време“, посочил младиот изврпен директор.

Сепак, навел дека ќе постои извесна флексибилност. На пр. во поглед на состаноците со клиентите кое ќе се смета како време поминато во канцеларија.

posao, kanc

Фото: shutterstock.com

Инаку, Snap во август отпуштил 20 % од својата работна сила и ги намалил проектите за кои смета дека нема да помогнат во растот на прихдоите или технологијата на проширената реалност.

Компанијата не успеала да го зголеми својот приход толку брзо колку се очекувало, бидејќи трговците ги намалиле своите буџети за огласување. Со потегот на враќање на работниците во канцелариите, Шпигел се надева дека компанијата ќе продолжи да доживува раст.

Snap е воедно и последната компанија во низата која официјализирала дека ги враќа вработените во канцелариите, откако биле ублажени ковид мерките. Ејпл, на пример, побарал од работнииците да бидат во канцелариите три дена во неделата, почнувајќи од септември.

Исто бара и Илон Мас.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock