НовостиСветот на работникот

Ако доведете нов работник, ќе добиете награда: Овој оглас за работа пробудил голем интерес

   Време за читање 1 минута

Многу работни места звучат дека се едноставни, но во реалност бараат многу од работникот и се минимално платени.

Едно од таквите работни места е и продавач во трафика, па не чуди тоа што нема интерес за ова занимање.

Пред неколку години, платата на работник во трафика се движела од 30,000 до 40,000 динари (15,000 до 20,000 денари).

Точно е, платите го следат зголемувањето на минималецот и инфлацијата, но и понатаму се под просекот, па работодавачите се снаоѓаат некако.

Имено, како што вели читател на Blic.rs за медиумот, наишол на оглас за работа во еден познат ланец на трафики кој гласи:

„Потребни се продавачи за работа во трафика. Редовна плата, пријавени од прв ден, бонус од продажбата, платени прекувремени часови, платен превоз.“

Дополнително, како што открил, овој познат ланец нуди бонус од 10,000 динари на секој кој ќе доведе нов работник.

Читателот се јавил на оставениот број, за да се распраша за условите за работа, по што му било речено дека ќе има обука.

Исто така, тврдат дека ќе бидете пријавени од првиот ден, а санитарна книшка не е неопходна. Од друга страна, потребна ви е потврда од суд.

Се работи двосменски, наутро од 7,8 часот, а попладне до 22,23 часот, во зависност од локацијата на трафиката. Како што се наведува, ноќните смени се резервирани исклучително за мажи.

И доаѓаме до платата. Имено, осумчасовна работа во трафика, која често нема ни тоалет, се цени на 66,000 динари. Толку барем е наведено во огласот.

И да, за работа до 48 часа неделно.

Извор: Blic.rs

Фото: KRISTI BLOKHIN / SHUTTERSTOCK