За нас

На медиумскиот пазар во Македонија во 2019 година се појави првиот, специјализиран медиум кој известува за работничките права, проблемите и предизвиците на работниците.

Во февруари 2019 година Порталот Работник внесе свежина на медиумскиот пазар, со тоа што стана првиот специјалзиран портал чијашто примарна таргет група се работниците, но и останатите категории на граѓани, како и работодавачите, бидејќи работодавачите и работниците се причинско – последнично повразни.

Порталот Работник е непристрасен, објективен и транспарентен медиум кој се залага информациите до јавноста да ги пренесе според горенаведените стандарди. Наша цел е работниците и работодавачите да бидат во тек со настаните коишто ги засегаат.

Како портал, се обврзуваме кон почитување на Новинарскиот Кодекс на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и сите професионални и етички правила и норми коишто се пропишани во Македонското закондавство како и етичките стандарди на Советот за етика во медиумите (СЕММ).