НовостиСветот на работникот

Алиу: Министерствата имаат потреба од вработувања

   Време за читање 1 минута

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во емисијата „Клан Дебата“ рече дека големиот број огласи објавени за масовни вработувања, сега кога е познато кога ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, не се во негова надлежност да ги коментира.

„Тоа се процеси кои не зависат од нашето министерство, така што немаме ингеренции да ги анализираме или да бараме одговорност“, рече меѓу другото Алиу..

Многу министерства, според министерот Азир Алиу, немаат доволно кадар и имаат потреба од нови вработувања. Според него, ако се анализираат сите државни, централни и локални институции, се чини дека бројот на административци е голем и поради оваа причина ќе се настојува да се оптимизираат работните места.

„Севкупно, ако ја погледнеме бројката над 120.000 за земја како Северна Македонија, тоа е голема бројка… Но, на ниво на министерства, има потреба, некои министерства треба да вработат нови луѓе“, изјави Алиу.