ПравдаСветот на работникот

Амазон се заканува дека ќе ги отпушти активистите против климатските промени

   Време за читање 2 минути

Група на вработени во Амазон рекле дека компанијата им се заканува дека ќе ги отпушти поради зборувањето на темата за климатските промени.

Вработените за климатска правда во Амазон рекле дека на работниците им рекле дека ги кршат политиките на компанијата.

Ова следува по приклучувањето на некои од вработените кон барањето од Амазон да преземе поголеми мерки за спречување на климатските промени.

Компанијата рекла дека нејзината политика за тоа дека вработените не смеат да даваат јавни коментари поврзани со компанијата, не е нова и важи за сите вработени.

Во објавата на Твитер, групата рекла дека некои од вработените биле контактирани од страна на тимот за човечки ресурси на Амазон и биле прашувани за јавните коментари кои тие ги дале.

Во изјавата понатаму пишува: „ Некои од работниците добија мејлови во кои им се закануваат дека ќе бидат отпуштени доколку зборуваат за работењето на Амазон“.

Од Амазон за Би – Би – Си рекле дека правилата не се нови, додавајќи дека скоро ги надоградиле политиките и поврзаните процеси за одобрување за да им го олеснат учествувањето на вработените во надворешните активности, како говори, медиумски интервјуа и употребата на логото од компанијата.

Од Амазон додале: „Како политиките на која било компанија, вработените може да добијат предупредување од нашиот тим за човечки ресурси, доколку дознаеме дека не ги почитувале правилата“.

Вработените во Амазон за климатска првада се група на работници во комапнијата кои веруваат дека нивна должност е да обезбедат бизнис модел кој нема да придонесува на климатските промени.

Групата го повика Амазон да постигне нулта емисиони гасови до 2030 година, да го ограничи соработувањето со компании за фосилни горива и да престане да ги финансира сите политичари и лобисти кои го порекнуваат постоењето на климатските промени.