Ампева: Дали се извисени вработените во Баргала?
👇Бидејќи повторно Баргала е актуелна и синдикатот, како јавност, граѓанин и некоја која имаше тужба од раководството, но и поведени над 300 постапки за таа фирма, барам одговори, а богами тие одговори особено треба ги добијат работниците. Право на говор, разјаснување на факти нели? Вистината пред се. А дарко од ссм ја должи.
🔙Хронолошки, лани се случија два отказа поради кршење на ред и дисциплина, ама не добија правна помош од ссм, него од Гласен Текстилец. Некој месец подоцна, откази добивааат на ист начин уште 100 работници. Праќаме преставка со една пресуда одлучена во корист на работничката и трудовите инспектори се фаќаат за работа, професионално си работат на случајот и решенијата каде наложуваат да бидат вратени тие работници назад на работа. Додека работат на случајот, дарко од ссм поднесува барање за стечај на Баргала, не чекајќи решенија од трудов инспекторат.
⚠️Стечајниот управител има право да замрзне цела работа на фирмата се додека судот да донесе одлука дали ќе има стечај за АД Баргала. Бидејќи ова е постапка пред стечај.
Е сега по овој настап денеска пред судот, имам 3 прашања.
❓❓1. Со преуранетата постапка за стечај во момент кога трудов инспекторат го процесоираше случајот со 100те отказни решенија, дали синдикалецот ги застапуваше интересите на работниците од АД Баргала и зошто не ги почека решенијата на ДИТ?
⁉️2. Дали можеби има интерна коалиција за поднесување на таа постапка со некого, оти е нелогично цел правен тим на синдикатот да не размисли за евентуално замрзнување на било какво работење на фирмата во момент на поднесена пред стечајна постапка?
❓❓3. Дали со преуранетата постапка ги извиси во целост работниците во АД Баргала?
✅Да не биде, не сам знајала, ова се прашања кои ги поставувам како обичен граѓанин , а треба да ги постават овие прашања и веќе, отпуштените работници во АД Баргала до првиот синдикалец. Оти синдикалски срцепарателни говори може палат некаде, ама не кај мене. Оти кај мене се фактите на прво место. Сега овие прашања се приоритет и заслужуваат одговор.

