
Работници нас не прашуваат за превоз до фирмите, така им рекле ,,,газдите,,. Оние кои на којзнае каков начин изнакупуваа фабрики од бивша ЈУ и калапеа парички на грбот на работникот 30 години, не беа способни 30 години да обезбедат превоз, него ги собираа по 70 души во еден автобус, им велат на работниците дека поради нас немале превоз. Еве до толку се неспособни и тие и превозниците. Помило им е да кукаат во Влада дека немаат пари, среќа не успеаја да отидат бар 5 пати на одмор оти затворени беа границите. Ама џипови за дечињата не недостигаат. Битно за работникот нема.
Ех, газди бе! Мечки да ве газат!
До таму ли спаднавте бе, да барате ние да ви купиме автобуси? Резили! – пишува Претседателката на Здружението на текстилни работници “Гласен Текстилец”, Кристина Ампева.