МакедонијаПравдаСветот на работникот

Ампева: Отказите во Баргала се за да се покаже кој е газда во куќата!

191views

Отказите не се поради кршење на ред и дисциплина, туку да се покаже кој е газда у куќа! Тие што зборат многу и што се бунтуваат, синдикално се активни да се удрат , а останатите да веднат глава.
-Важно е да се каже дека преку адвокати над 200 тужби се поведени против Баргала со правосилни пресуди, но побарувањата потешко се наплаќаат поради тоа што финансии легнуваат на други сметки а не на онаа на Баргала!
-Фирмата зема државна помош во првите сетови на мерки за исплата на минимална плата, но и покрај тоа се исплаќаше плата од 80 %. Поради тоа и спогодбата која беше во јавност актуелна, нели, да се излезе во пресрет на ,,потешкотиите на фирмата,, , но пред се на вработените кои се таму и по 30 години стаж.
-Отказите ќе бидат поништени бидејќи се неосновани, дискриминаторски и очигледно да бидат исплашени и останатите вработени за да веднат глава пред раководстството и да не се бунтуваат, ПАЗИ , за НИВНИ ИЗРАБОТЕНИ ПАРИ!
-Иако денови има не знам колку во тек на годината во кои самите претпоставени им кажуваат на работниците не идете на работа, нема работа, сепак само за две три жени се вели дека не биле на работа 5 дена во годината и согласно тоа ги теретат за кршење на ред и дисциплина.
Срам да ви е, Баргала. Ова го правите на вработени со стаж во таа фирма над 20 години. Срам!
За вакви фирми не вредело да се преговара. Туку да одат во историја кога веќе нема менаџирање, туку само сурова експлоатација за без пари!
Ги повикувам медиумите, невладините организации, Државниот трудов инспекторат и Народен правобранител, синдикатите да застанат зад овие вработени!
Бидејќи ова не е поради корона криза, туку вечна криза!- пишува на фејсбук претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева.