МакедонијаПравдаСветот на работникот

Ампева: Работници не потпишувајте штетни анекси

474views

Фб статус на Кристина Ампева:
“Работници и работнички. Дадевме совет да не се потпишувате на лоши анекси, договори, откази. Ако ставете потпис, не чекајте ние да делуваме, не можеме. Ваш е потписот.

Друг ми беше муабетот. При најави на откази, кршења на вашите права при работа, знаете колку ни е мака бидејќи имаме да не речам , никакви ингеренции , да дојдеме во фирмата и оттаму помагаме?

Што викате на тоа да ни помогнете нам , за да ви помогнеме на самото работно место, да дојдеме и заедно да се бориме?
Да почне Гласен Текстилец да ве застапува на вашето работно место?
Што велите да си направиме СИНДИКАТ и почнеме со вистинска работа?

Дајте ни поддршка за да имаме заедно моќ да сменеме работи! Ама вистински да ги смениме! Сами!” – напиша Ампева на фејсбук статусот.