Ампева: Укинувањето на храната и превозот е законски, но не е човечки
Бобан Илијевски
Исплатата на регресот за годишен одмор познат како К-15 во приватниот сектор е сеуште во тек. Претседателката на здружението „Гласен Текстлец“ , Кристина Ампева рече дека имале најави за тоа дека има целосно исплаќање на К-15, но има и такви случаи каде што се исплатил помла износ од законски пропишаниот. Таа истакна дека ќе треба да се почека до законскиот рок, по којшто ќе бидат контактирани за тоа како течела целосната исплата.
Во врска со укинувањето на храната и превозот, сето тоа е законски, бидејќи тоа право е изгубено во време на претходната политичка гарнитура, но со амин секако на поранешното раководство на Сојузот на синдикати на Македонија, рече Ампева.
„Со тогашните измени на законот и колективен договор, превозот и платата се влезени во концептот бруто плата, за сега кога се зголемува минималната плата на 14.500 денари, да им се направи зло на работниците . Можеби е законски, но не е човечки бидејќи барем за добар дел од газдите во Делчево знаеме како работат и какви се богатства не стекнаа на грбот на работникот, со експлоатација на нивниот труд. Сето ова еден ден ќе им се удри од глава, поради фактот дека истокот масовно се иселува, младите не сакаат да чујат за работа во конфекција , возрасните имаат и бугарски пасоши“, посочи Ампева.
Според неа, во овој момент им се чини како идеја и оние кои не го искористиле пасошот, да го искористат и заминат. Сето тоа благодарение на големите газди што мислат дека многу ќе ќарат од тоа што прекинале да го плаќаат превозот. Во Делчево фали само една странска инвестиција за да им го дотера паметот на тамошните газди(со чест на исклучоци), исто како што се случи во Штип. Тогаш еден нема да остане да работи во конфекција за минималец, неплатени додатоци на плата и под мизерни услови.
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025