ЕкономијаМакедонијаНовости

АНАЛИЗА: “Должничка листа“, само пет државни фирми должат над 300 милиони евра

   Време за читање 4 минути

По државните фирми, и јавни претпријатија на локално и на централно ниво – здравството е еден од најаздолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра пак должат само пет државни фирми и тоа од два сектори – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан а неплатен долг во износ од 17 милиони евра е ЈП “Водовод и канализација “ – Скопје

Долгови на здравството …

Со доспеани а неплатени обврски во износ од 77,5 милиони евра, здравството е еден од “најзадолжените сектори. На високото 6 то место на новата листа на Министерството за финансии, со долг од 27,3 милиони евра е Заедничката служба за потребите на здравство која со години кумулира милионски суми на доспеани а неплатени обврски. Преку оваа институција се спроведуваат набавките за јавните здравствени установи, ургентниот центар, клиниките.

Во првите десет најзадолжени е и Клиниката за радиотерапија и онкологија со долг од 12,3 милиони евра . Клиниката за торакална и васкуларна хирургија пријавила доспеан долг од 4,6 милиони евра а Клиниката за трауматологија 4 милиони евра. Долговите на Институтот за трансфузиологија на крајот од третиот квартал изнесувале скоро 3,7 милиони евра а на Клиниката за гинекологија речиси 3,6 милиони евра. Долг повисок од 3 милиони евра пријавиле и Клиниката “СВ Наум Охридски – Скопје “ и Клиниката за хематологија.

                                          Доспеани а неплатени обврски

ЈУ од областа на здравството                                           27 350 000 е

Клиниката за радиотерапија и онкологија                   12 322 200 е

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија          4 650 000 е   

Клиниката за трауматологија                                              4 070 000 е     

Институтот за трансфузиологија                                        3 700 000 е

Клиника за гинекологија                                                      3 582 000 е          

Најзадолжени – државните енергетски и железнички компании ..           

Првите пет места на новата должничка листа се “резервирани“ за државните енергетски и железнички компании.           

Со долг од 88,3 милиони евра е државното АД Номагас, зад него со доспеани а неплатени обврски во износ од 71,9 милиони евра е ЕСМ – производство, следуваат двете железнички компании, МЖ Транспорт со долг од  69,7 милиони евра  и МЖ Инфраструктура со долг од 49,7 милиони евра а на петто место е ЕСМ – дистрибуција на топлинска енергија со долг од скоро 34,7 милиони евра.

                                      Доспеани а неплатени обврски ( 3 квартал)

АД Номагас                                                                             88 325 000 е

АД ЕСМ – производство                                                        71 990 000 е

МЖ Транспорт                                                                         69 723 000 е

МЖ Инфраструктура                                                             49 712 000 е

АД ЕСМ – дистрибуција на топлинска енергија             34 670 000 е

Извор МФ

Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан а неплатен долг во износ од 17 милиони евра е ЈП “Водовод и канализација “ – Скопје кое е под ингеренции на Град Скопје. Од локалните комунални ЈП на 12 то месо со долг од 9,2 милиони евра е ЈП Водовод  Куманово со Ц.О.Куманово, на 18 то место со долг во износ од 5,9 милиони евра е ЈП Водовод Охрид, следува ЈКП Водовод Тетово со доспеани а неплатени обврски од 5,7 милион евра а 5,1 милион евра должи ЈКП Тетово.

Од државните фирми и Јавни претпријатија формирани од централната власт, а кои имаа поголем број на вработени, освен оние во првата “петорка“, со милионски долгови се ЈП за државни патишта со доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 16,1 милион евра, ЕСМ производство на топлина со долг од 8,3 милиони евра, АД Водостопанство со обврски од 7,2 милиони евра и ЈП МРТ со доспеани долгови во износ од 6,9 милиони евра. 

Од општините, во првите 20 ет најзадолжени се Општина Тетово, рангирана на десетто место и Општина Гостивар на единаесетто место – и двeте со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 10,6 милиони евра. На 15 то место со доспеан долг од 7 милиони евра е Град Скопје.  

Вкупниот внатрешен долг на крајот на третиот квартал изнесувал 660,1 милион евра.