МакедонијаСиндикат

Анализа на ССНМ: Пандемијата ја стави под знак прашалник транспарентноста на институциите

Анализа на ССНМ - Работник
92views

Долгите процедури и неквалитетните одговори кои ги добиваат од институциите ги одвраќаат новинарите да бараат информации формално. Најчесто одлучуваат информациите да ги добијат по “скратен пат”, преку свои извори.  Жалбената постапка која се води пред Агенцијата, а која на крај завршува во Управниот суд е исцрпувачка и по поминување на сите законски рокови станува бесмислена.

Темата во медиумите застарела и е неатрактивна, а одлука во корист на новинарите кои тужеле до Управниот суд на крај се сведува на морална сатисфакција. По критиките и искуствата кои новинарите ги споделија на онлајн дебатата „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во рамки на проектот финансиран од ЕУ – Писменост за вести и дигитална писмесност – справување со лажни вести“, може да се заклучи дека најефикасен начин за одржување на транспарентноста “во форма” ќе бидат законски измени.

Повеќе на ssnm.org.mk