АНАЛИЗА: Раст на долговите – државните и локалните институции со неплатени сметки од скоро 400 милиони евра !

Нов раст на долговите на државните институции, министерства, агенции, општини. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека во првата половина од годинава доспеаните а неплатени обврски на институциите под “државна капа” и на локално и на централно ниво достигнаа скоро 400 милиони евра. “Порталб” во две продолженија на “Анализа” ќе објави податоци за состојбите по сектори, на ниво на министерства, агенции, здравство, образование, со споредба на состојбата на крајот од 2021 та и во однос на првиот квартал.

Долговите на здравството надминаа 95 милион евра …

За шест месеци, или на крајот од јуни во споредба со декември 2021 та доспеаните а неплатени обврски на државните институции на централно ниво како и на јавните претпријатија на локално ниво се зголемени за скоро 8 милион евра. Во вториот квартал од годинава во споредба со првиот пак државните долгови се зголемени за повеќе од 8 милиони евра. Ова практично значи дека годинава започна со намалување на долговите во споредба со декември – но во текот на првите три месеци се создаваат нови доспеани а неплатени обврски поради што веќе во вториот квартал има нивно зголемување.

Доспеани а неплатени обврски

Јуни 2022 година 399 379 445 евра

Март 2022 година 391 206 751 евра

Декември 2021 година 391 571 449 евра

Споредбената анализа на “Порталб” покажува дека само за три месеци речиси сите сектори ги “набилдале” неплатените сметки а позначен раст на долговите има во здравството и кај буџетските корисници од прва линија (како што се министерства, дел од агенции, државни институции, образование).

Еве што покажуваат податоците – на крајот од првото економско полугодие, доспените а неплатени обврски на Јавните здравствени установи достигнаа 95,3 милиони евра, само за три месеци зголемени за речиси 10 милиони евра, буџетските корисници од прва линија пријавиле доспеани а неплатени сметки во износ од 17 милиони евра, што е за 5,4 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од март. За три месеци раст на долговите има и кај општинските јавни претпријатија – достигнаа 65,5 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

Јуни 2022 Март 2022

ЈП и фирми во државна сопственост 126,8 мил.евра 134,0 мил.евра

Буџетски корисници (1 линија) 17,0 мил. евра 11,6 мил.евра

Јавно здравство 95,3 мил. евра 85,5 мил. евра

Општински јавни претпријатија 65,8 мил.евра 65,0 мил.евра

Општини 69,9 мил. евра 71,7 мил. евра

Јавните претпријатија на централно ниво и натаму се со “најдебели” доспеани а неплатени обврски кои заклучно со првата половина од годинава изнесувале 126,8 милион евра, намалени во однос на крајот од првиот квартал. Намалување има и кај општините кои на крајот од јуни пријавиле долг од скоро 70 милиони евра.

По кој основ се најголемите долгови? Податоците покажуваат највисоки суми на неплатени а доспеани обврски има за комуналии и за набавка на материјали и инвентар – во вториот квартал во споредба со првиот овие долгови се зголемени. Така, државните институции, агенции, јавни претпријатија, по основ на неплатени сметки за струја, транспорт, комуникации на крајот од првото полугодие достигнаа скоро 72,9 милион евра, со раст од 6,6 милион евра за само три месеци а по основ на материјали и ситен инвентар долгот е скоро 79 милиони евра.

Доспеани а неплатени обврски

Комуналии 72,9 милион евра

Материјали и ситен инвентар 78,7 милион евра

Други тековни расходи 59,0 милион евра

Договорни услуги 43,8 милион евра

Градежни и други градежни објекти 40,1 милион евра

За завршени а неплатени градежни и други градежни објекти долгот изнесува 40 ,1 милион евра а должничкиот износ за купување на возила на крајот од првото економско полугодие изнесувале 1,3 милион евра.

Во второто продолжение во Анализа ќе објавиме детали за долговите на ниво на поединечни институции, министерства, општини, јавни претпријатија.