Правда

Апелација одлучи, градоначалникот на Лозово веднаш да ја врати на работа Виолета Спасова

   Време за читање 1 минута

Два дена по објавената сторија Виолета Спасова ја доби првата битка против градоначалникот на општина Лозово. Со пресуда од Апелацискиот суд Штип, Ацо Велковски треба веднаш да ја врати Виолета на работа според степенот на образование. Судот констатира дека дисциплинските постапки водени против Виолета биле неосновани.

Градоначалникот Велковски во својот демант пред три дена тврдеше дека Виолета има добиено 6 дисциплински постапки поради неодговорно постапување, Виолета лично ми нудела нечесни зделки за брзо богатење, дека добивал закани од нејзниот вујко јавен обвинител, но и дека Виолета воопшто не била бремена во моментот кога добила отказ.

За тврдењата на Велковски дека против него не се водат никакви постапки пред надлежните институции демант испрати и Јавното обвинителство, во кое се потенцира дека двата предмети против градоначаникот на Лозово на негово барање се само прераспределени.

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени.

Притоа, првиот предмет кој е во фаза на подигнато обвинение е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Штип, додека за вториот предмет кој е во фаза на предистрага за надлежно е определено Основното јавно обвинителство Делчево, се вели во соопштениеот од ОЈО Скопје.

Извор: Сител