Барате работа? Овие индустрии очајно бараат работници во 2025 година
Ако сакате да најдете нова работа оваа година, не сте сами. Според новото истражување на LinkedIn, повеќе од половина (58 %) од вработените ширум светот планираат да бараат нова работа во текот на годината. Во САД, бројот на кандидати по отворено работно место на LinkedIn пораснал од 1,5 во 2022 година на 2,5 во есента 2024 година.
Иако кандидатите можат да наидат на помал број отворени позиции и поголема конкуренција во однос на претходните години, потрагата по работа би требало да биде „далеку помалку болна“ од колку што била во 2024 година, изјавил Берт Бин, извршен директор на агенцијата за вработување Insight Global, за CNBC Make it.
Според пишувањето на Wall Street Journal, деловните лидери планираат повеќе вработувања по несигурноста во текот на минатата година предизвикана од политичките превирања, развојот на вештачка интелигенција и инфлацијата.
Бин наведува дека неговата компанија планира да ангажира двојно повеќе регрутери оваа година отколку што ангажирал во 2024 година.
Дури и ако не работите во областа на човечките ресурси или регрутацијата, зголеменото вработување во овие сектори може да биде показател за пошироко опоравување на економијата.
„Ако компаниите вработуваат во овој сегмент, обично се подготвуваат за отворање на позиции и во други одделенија“, вели Бин. „И понатаму сме внимателни, но мислам дека деловните лидери моментално се најоптимистични во последните две и пол години.“
Повеќе од 75 % од генералните директори очекуваат подобрување на глобалната економија во првата половина од оваа година, делумно поради очекувањата за пониски даноци и намалување на регулативата под новата администрација на Доналд Трамп, покажува неодамнешното истражување на консултантската компанија Тенео, спроведено помеѓу повеќе од 300 извршни директори на јавни компании.
Речиси две третини од работодавачите во САД планираат да вработуваат на постојани позиции во наредните шест месеци, покажува извештајот на компанијата за вработување и консалтинг Роберт Хаф. Ова претставува значаен раст во споредба со средината на 2024, кога само половина од компаниите имале слични планови.
Иако вработувањата ќе започнат да растат во 2025, некои сектори нудат подобри шанси за кандидатите од други. Бин ги советува кандидатите да целат на позиции во здравствена заштита, инженерство, финансии, како и во индустријата на нафта и гас.
Работодавачите во овие области го зголемуваат бројот на вработени од различни причини.
Отпимизот меѓу раководителите во секторот на нафта и природен гас е на највисоко ниво во последните пет години и е во главно поттикнат од ветувањата на претседателот Доналд Трамп дека ќе го зголеми извозот на нафта и гас од САД, покажува истражувањето на компанијата за управување со ризици DNV. Поради очекуваниот раст, работодавачите во овој сектор го зголемуваат бројот на вработени.
Во здравствениот сектор, причините за вработување се поинакви. Постои „силна и константна побарувачка за таленти“ уште од почетокот на пандемијата, објаснува Бин, делумно поради високото ниво на согорување и флуктуација на работната сила во овој сектор.
Покрај тоа, соочени со стареењето на полулацијата и појавата на нови, високо заразни болести, „здравствените установи, како големите болнички системи, во голема мера вработуваат, особено медицински сестри со оглед на недостигот на медицински кадар во САД“, истакнува Бин.
Компаниите во секторите технологија и финансии ќе го зголемат вработувањето во 2025 од поедноставни причини, додава Бин, за да ги надоместат отпуштањата и конзертавтивното вработување кои ги обележале овие индустрии во 2023 и 2024 година.
„Заканата од рецесија ги уплашила сите, но на крајот не се случи“, вели Бин. „Токму како што самите себеси се убедувавме дека доаѓа рецесијата, сега самите себеси се убедуваме дека е готово.“
Извор: BizLife/K.J.
Фото: Unsplash
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025