- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Беговиќ: Бараме бесплатни ПЦР тестови за вработените

Беговиќ - Работник
541views

Самостојниот синдикат на клинички центар единствено за спроведување на најавената мерка од страна на Комисијата за заразни болести, гледа во бесплатните ПЦР тестови. Тие од самиот почеток на вакцинацијата се децидни дека треба сите медицински работници да се вакцинираат против Ковид – 19, но предложените мерки, според нив, се доста нејасни. 

Вчера, Претседателот на ССКЦ, д-р Горан Беговиќ во изјава за ТВ Телма, посочи дека прво се кажува дека вакцинацијата не е задолжителна, за да во исто време се бара вработениот ПЦР тестот сам да го наплати. Смета дека едното со другото е контрадикторно. 

„Коректно би било тие брзи тестови, бар брзите тестови за ПЦР да бидат на трошок на здравственото осигурување“, рече Беговиќ. 

Беговиќ тврди дека не може нешто да биде слободен избор ако во текот на месецот тоа претставува обврзувачки финансиски товар за вработениот, а за него спорна е и границата од само 45 -те дена природен имунитет за прележаните од коронавирус, што ги ослободуваат вработените од обврската за вакцинација или ПЦР тест. 

„Во однос на имунитетот на оние што ја прележале болеста Ковид – 19, не би смеело тој имунитет да биде 45 дена, минимум би требало да биде шест месеци, доколку комисијата за заштита од заразни болести има други сознанија или препораки би требало, барем нас во стручната фела, да не извести и за тоа да ни ги соопшти тие сознанија и препораки“, рече Беговиќ за Телма. 

Според Беговиќ, Комисијата за заразни болести треба да се произнесе и за тоа, дали луѓето со високо ниво т.е. титар на антиела по прележан коронавирус треба да се вакцинираат.

Извор: Телма