- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Бектеши: Нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво

Трговските центри треба да работат во недела- Работник
163views

Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владатаи проекциите од Министерството за финансии, оцени министерот за економија Крешник Бектеши.

-Имајќи го во предвид трендот што се движи во нагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто, рече Бектеши во одговор нановинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека се покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

-Ивештаите за туризмот, индустриското производство  и извоот и увозот за октомври годинава покажуваат дека бројките одат само во нагорна линија.Очекуваме со завршувањето на пандемијата да имаме уште поголемо зголемување на БДП во 2021 година, потенцира Бектеши.