Белгија: Нов 24-часовен штрајк на железничарите
Почнувајќи од вчера во 22 часот, пет белгиски синдикати организираат нов 24-часовен протест на вработените во Националната железница на Белгија (СНЦБ/НМБС).
Според известувањето од СНЦБ/НМБС, поради овој штрајк денес ќе бидат активни само три петтини од возовите низ Белгија. На граѓаните им се советува пред да тргнат на пат да проверат кои железнички линии ќе бидат функционални во текот на денот.
Денешниот прекин на работа беше објавен од страна на Генералната унија на јавниот сектор – Железница (ЦГСП/АЦОД) и Генералниот христијански синдикат – Транспорт (ЦСЦ/АЦВ), а потоа им се придружија и Слободниот синдикат на јавниот сектор – Железница (СЛФП/ВСОА), Самостојниот синдикат на железничарите (СИЦ/ОВС) и Автономниот сојуз на машиновозачите (САЦТ/АСТБ).
Ова е 22-ри еднодневен штрајк на персоналот на белгиската железница од почетокот на годината, а веќе е најавен и 23-тиот овогодишен штрајк на железничарите за 29 април.
Причина за овие протести е незадоволството на железничките работници од планираните реформи на белгиската Федерална влада, кои вклучуваат покачување на границата за пензионирање, поголема прилагодливост на работното време и мерки за финансиски заштеди во железничкиот сектор.
“Како што соопшти СНЦБ/НМБС, поради штрајкот денеска ќе сообраќаат три петтини од сите возови во Белгија, поради што им се препорачува на граѓаните пред да заминат на патување да се информираат за тоа кои железнички линии ќе функционираат во текот на денот.”

