Белоруска новинарка осудена на пет години затвор: Прогласена е виновна за водење на екстремистича група

Белоруската новинарска Ирина Слауникава е осудена на пет години затвор, додека Владата во Минск продолжува да се пресметува со медиумите по масовните протести предизвикани од спорните претседателски избори, пренесува Радио Слободна Европа.

Изборите биле одржани пред две години, а на нив победил Александар Луканешко, авторитарниот лидер, близок до рускиот претседател Владимир Путин.

Режимот на белорускиот претседател од изборите во 2020 година до денес, уапсил илјадници граѓани и активисти.

Судијата на Окружниот суд во Хомел, Микалај Доља Слауникава ја прогласил за виновна за водење на екстремистичка група и организирање на активности кои го нарушуваат општествениот поредок.

Обвинителите за Слауникава побарале четири години затвор, но не е јасно како таа се изјаснила, бидејќи судењето било зад затворени врати.

Поранешната дописничка на телевизијата Белсат, која е осудена во јуни оваа година, првпат била уапсена заедно со сопругот Александар Лојко на крајот на октомври 2021 година.

Парот тогаш бил осуден на 30 дена затвор под обвинение за „дистрибуција на екстремистички материјали„ и „помало хулиганство“.

После отслужувањето на затворската казна, Слауникава била повторно осудена, овој пат за „водење на екстремистичка група“ и „организација и подготовка на настан кој го нарушува општествениот поредок“.

Фото: Slaunikava, Foto: Screenshot/Youtube